Јакимовски гази во НЦАА – Пумите од Вашингтон продолжуваат без пораз (Видео)

Андреј Јакимовски повторно одигра одличен меч за Универзитетот Вашингтон стејт, а популарните Пуми го задржаа максималниот учинок, сега со шест победи на стартот од сезоната во НЦАА лигата.

Јакимовски постигна 10 поени и имаше 7 скока во триумфот против Монтана стејт со 82:54. Популарниот Јаки како што го нарекуваат во САД се наметна како стартер во тимот со голема традиција во колеџ кошарката во Америка и игра импресивно во првата сезона за ВСУ.

Јакимовски добива многу комплименти за игрите што ги прикажува за Унивезитетот со многу познати кошаркари во минатото, меѓу нив и големата ѕвезда на НБА лигата, Клеј Томпсон.

Со шест победи на исто толку мечеви ВСУ е на првото место во Пацифик-12 конференцијата во НЦАА лигата.

- Оглас -

Најнови вести