Јамал даде мајсторски гол, но не е најмладиот стрелец за Барса во нокаут-фаза во историјата на ЛШ

Барселона води со 3-1 против Бенфика и се наоѓа многу блиску до пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите, со оглед на тоа дека Каталонците славеа 1-0 на првиот меч во Лисабон.

Бенфика покажува сериозни слабости во одбраната и немоќ да ги запрат Ламин Јамал и Рафиња кои си поигруваат со нив.

Јамал прво имаше асистенција со Рафиња, а потоа даде гол со кој стана втор најмлад стрелец во историјата на нокаут-фазата во ЛШ. Јамал има 17 години и 241 ден, а рекордот го држи некогашниот мегаталент на Барса, Бојан Кркиќ, кој имаше 17 години и 217 дена кога му даде гол на Шалке во елиминациски меч.

Од последните пет гола на Барса против Бенфика, четири даде Бразилецот Рафиња.

- Оглас -

Најнови вести