Ламин Јамал е тинејџерот кој продолжува да испишува историја во шпанскиот, но и светскиот фудбал. Во изминативе неколку месеци Јамал постави неколку рекордни постигнувања, а сега стигна ред да се истакне и на Ел Калсико.
Со погодокот вечерва на „Сантијаго Бернабеу“ против Реал, Јамал стана најмладиот стрелец во историјата на Ел Класико. Тинејџерот на Барселона погоди со само 17 години и 106 денови, подвиг кој не му успеал на никого претходно во 100 и кусур години ривалство на овие два тима.
По победата со 4:0 во Мадрид, Јамал имаше кратка порака.
„Ќе кажам само, Напред Барса. Ајде сега да ја освоиме титулата во првенството“, задоволно искоментира најмладиот стрелец во историјата на Ел Класико.