31.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Јамал преку менаџерот бара повисока плата од Барселона после одличните игри на ЕП

Ламине Јамал беше прогласен за најдобар млад фудбалер на штотуку завршеното Европско првенство, на кое со репрезентацијата на Шпанија стигна до титулата. 17-годишниот фудбалер има договор со Барселона до 2026-тата година, според кој заработува 32.000 евра неделно, односно 1.7 милиони евра годишно.

Колку за споредба, Френки де Јонг заработува по 700.000 евра неделно или 36.4 милиони евра годишно. Токму тоа е причината младиот фудбалер преку неговиот менаџер да побара повисока плата, барање што најверојатно ќе биде прифатено од страна на раководството на Барселона.

Барањето на Јамал е секоја наредна сезона да заработува повеќе од претходна, односно неговата плата да се зголемува.

- Оглас -

Најнови вести