Јан Облак платил такси за неговото куче да го пренесат од Словенија до Мадрид

Словенечкиот голман Јан Облак, направи нешто неверојатно, со што го привлече вниманието на словенечките, но и медиумите низ цела Европа. Еден од најдобрите фудбалски голмани на светот, за време на паузата поради коронавирусот тренираше дома во родната земја, а друштво му правело неговото куче од кое не се одвојува. Сега чуварот на голот на Атлетико се врати во Мадрид, па сакаше и кучето да биде со него, но кучето не можело да патува со авион.

Облак смисли како да му организира превоз на кучето, и платил такси. Облак од сопственикот на такси компанијата побарал да бидат внимателни кон неговото куче, и тоа безбедно да стигне на конечната дестинација, до која од Словенија има над 2.000 километри.

- Оглас -

Најнови вести