Јан Облак ужива со ексдевојката на Кристијано Роналдо (Фото)

Со своите одбрани во текот на последните неколку години, Јан Облак се промовираше во еден од најдобрите голмани во светот. Словенецот е незаменлив на голот на Атлетико Мадрид, а е желба на повеќе европски гиганти. По напорната сезона, Облак заслужено одмора, и тоа на еден мал остров во Шпанија.

Папараците успеаја да го „уловат“ Облак, кој е заедно со својата нова девојка Алесија Тадески. Тоа е девојката која во минатото имаше љубовна авантура и со Кристијано Роналдо. Убавата Италијанка сега се префрли од Реал, на Атлетико Мадрид.

Според фотографиите, двајцата уживаат во одморот.

- Оглас -

Најнови вести