„Јане Сандански“ и полупразен „грми“, Вардар сигурно гази кон прва победа во ЛШ

Ракометарите на Вардар водат со 19:13  на полувремето против Мешков Брест во меч од второто коло од Лигата на шампионите. На трибините, навивачите прават вистинска прослава, иако „Јане Сандански“ е делумно пополнет поради протоколите за ковид 19.

Со трите погодоци на Жоел Мораеш, на почетокот на средбата, Вардар уште од самиот старт ја имаше резултатската контрола во своите раце и полека ја зголемуваше предноста.

По првите 30 минути, најефикасен кај домаќините е Кевин Њокас со четири, додека зад него следуваат токму Мораеш со три, како и Тимур Дибиров, кој успеа да го „затвори“ првиот дел за Вардар откако во последните секунди пресече топка и даде гол.

- Оглас -

Најнови вести