Најдобриот светски рекет, Италијанецот Јаник Синер, го победи Тејлор Фриц со 2-0 во сетови (6-4, 6-4) во финалето на завршниот АТП турнир во Торино. Тој пред домашната публика во Италија докажа дека во моментов е убедливо најдобар во светот на тенисот.
Синер го доби првиот сет со 6-4 во гемови откако успеа да го одземе сервисот на противникот во седмиот гем. Потоа рутински го приведе сетот до крај.
Речиси идентично беше и во вториот сет, со тоа што Тејлор Фриц го загуби петтиот гем на свој сервис. До крајот немаше сили да возврати со брејк, па Јаник Синер се радуваше на титулата.