Јанис: Се плашам колку сме добри

Милвоки бакс ноќеска ја остварија петтата последователна победа во подготовките за новата сезона, па со конечни 118:96 над Минесота перфектно ја завршија претсезоната. Околу одржувањето на победничката форма говореше најкорисниот играч во лигата од минатата сезона, Јанис Адетокумбо, кој вели дека се плаши колку тимот наМилвоки е добари очекува во исто темпо да продолжат.

„Искрено, се плашам колку сме добри, а можеме да бидеме уште подобри. Одлично се снајдовме во претсезонските подготовки, сега ни е важно оваа навика да победуваме да ја преточиме во новата сезона и да одиме чекор понапред“, истакна Адетокумбо.

Предводени од „Грик фрик“, Елените минатата сезона стигнаа до конференциското финале на Истокот, каде што загубија со 4-2 во серијата од подоцна шампионот Торонто репторс.

Новата сезона во НБА лигата стартува на 23 октомври, а два дена подоцна тимот на Милвоки го чека тежок предизвик на гостувањето во Тексас, каде што силите ќе ги одмерат против Хјустон рокитс и новото динамично дуо  Вестбрук-Харден.

- Оглас -

Најнови вести