Јанковиќ не потпиша за Легија бидејќи падна на лекарски тест, но си најде нов клуб

Црногорскиот фудбалер Марко Јанковиќ е нов член на израелскиот тим Беитар од Ерусалим. Јанковиќ го привлече вниманието со неговиот пропаднат трансфер во Легија откако Полјаците не сакаа да го земат бидејќи бил физички неподготвен и не ги минал тестирањата.

Сепак, довчерашниот играч на италијанскиот второлигаш СПАЛ откако го откачија во Полска, си најде клуб во Израел, со кого потпиша договор на две и пол години. Беитар е на деветто место на табелата, а познат е по тоа што има екстремни навивачи кои не дозволуваат за клубот да играат арапски фудбалери.

- Оглас -

Најнови вести