Јапонец ќе игра во Вардар

Јапонецот Косуке Јасихура во следната сезона ќе настапува за најтрофејниот македонски ракометен тим, Вардар.

Јасихура во Вардар доаѓа на едногодишна позајмица од полскиот Висла Плоцк каде не успеа да се избори за поголема минутажа.

„Следната сезона ќе настапувам за Вардар како позајмен играч. Сигурен сум дека ќе соберам доста искуство во Скопје и ќе се вратам посилен“, изјави Јасихура.

Вардар за следната сезона веќе се засили со Стефан Петриќ и Марко Срдановиќ, кои доаѓаат од Партизан, односно Металопластика.

 

- Оглас -

Најнови вести