Јапонски ММА борец на мерење и на соочувањето се појави пиштол гол (Видео)

Јапонската организација за мешани борешки вештини Ризин и америнската Белатор, со заедничка приредба ќе ја затворат годината во боречкиот спорт, а фановите и новинарите кои го следеа мерењето на ММА борците, останаа шокирани од потегот на Јапонецот Нобумитсу Осава кој на бината излезе пиштол гол.

Осава на приредбата влета како замена за повредениот бразилец Луиз Густаво, и на мерењето, а потоа и на соочувањето со поранешниот УФЦ борец, Џони Кејс, се појави гол, а со себе имаше само тацна со која ги покриваше стратешките позиции на телото.

Неговиот противик, прво беше изненаден од потегот на Осава, но потоа ја прифати „играта“ на Јапонецот и се насмеа.

 

- Оглас -

Најнови вести