Јапонците се оладија, над 70 отсто не сакааат да има Олимпијада во Токио

Јапонците се оладија и над 70 отсто не сакаат да има Олимпијада во Токио ова лето. Најголемиот спортски собир требаше да се одржи лани, но беше пролонгиран поради пандемијата со корона-вирусот.

Планот е Игрите да почнат на 23 јули и да завршат на 8 август, но ако се прашуваат Јапонците тие не би требало да се одржат во Токио.

Околу 40 проценти се за комплетно откажување на Олимпијадата, 33 проценти се изјаснија дека би требало пак да се одложат за одредено време, а само 24,5 отсто се за нормален тек на Игрите во јули и во август годинава.

Стравот од ковид-19 и ново ширење на пандемијата е основната причина за загриженоста на Јапонците. Многу спортисти од разни земји на светот ќе учествуваат во Токио на ЛОИ и тоа ги плаши домаќините.

Дури 93 отсто од анкетираните стравуваат дека Олимпијадата може да донесе нов бран на ширење на пандемијата со ковид-19.

Сепак, резултатите од анкетата нема да влијаат на одржувањето на Игрите и тие ќе почнат на 23 јули и ќе завршат на 8 август.

 

- Оглас -

Најнови вести