Јасен е ставот на Јунајтед – Роналдо не е на продажба

Кристијано Роналдо е топ тема изминативе денови поради неговиот агент Жорж Мендеш. Во само два дена се појавија шпекулации според кои Мендеш го нуди Роналдо на три клуба.

Баерн веднаш ја отфрли можноста да посегне по Португалецот, па се споменуваат Челзи и Рома како изненадувачки опции за суперѕвездата на Црвените ѓаволи.

Сепак, од таборот на 20-кратниот англиски првак јасно го изразија ставот, Кристијано Роналдо не е на продажба. И покрај тоа што нема да игра во Лигата на шампионите следната сезона, Роналдо сака да даде шанса на Ерик Тен Хаг и неговиот обид да го реконструира тимот.

- Оглас -

Најнови вести