Јасно е кој ќе му биде тренер на Елмас наредната сезона

Спортскиот директор на Наполи, Кристијано Џинтоли, потврди убави вести околу обновувањето на соработката со Џенаро Гатузо. Тренерот на Елиф Елмас во најскоро време треба да потпише нов договор со оглед на тоа дека сегашниот му истекува по крајот на актуелната сезона.

„Она што знам е дека адвокатите ги комплетираат документите, а со Гатузо веќе постигнавме вербален договор. Не би требало да има некакви проблеми“, посочи Џинтоли.

Тоа значи дека Елмас не треба да се грижи околу тоа кој ќе му биде тренер и во иднина. Гатузо се покажа како вистинскиот човек за клупата на Наполитанците по освоениот трофеј во Купот на Италија минатата сезона.

Инаку, Наполи вчера ремизираше со 1-1 на гости кај АЗ Алкмар и не успеа да го потврди пласманот во нокаут-фазата од ЛЕ, додека во Серија А тимот на Гатузо има 17 бода по девет кола и стои на петтата позиција.

- Оглас -

Најнови вести