Каква добра серија – Ни три гола предност на 4 минути до крај не се гаранција за успех (Видео)

Торонто Мејпл-лифс и Колумбус Блу џекетс играат одлична серија во квалификациската рунда за плејофот, а ниту предност од 3 гола на четири минути до крај веќе не се гаранција за успех.

Токму такво сценарио имаше ноќеска во „Скоцијабенк“ арена, а хокеарите на Торонто приредија чудо. Во четвртиот меч беа пред елиминација, губеа со 0:3 до 16. минута од последниот период и се случи фуриозен атак и огромен пресврт.

Ниландер и Тавареш со два гола во период од 51 секунда намалија на 2:3, а Химан го одведе мечот во продолжение со погодок на 23 секунди до крајот на регуларниот дел.

Во продолжение Торонто постигна уште еден гол за невиден пресврт и победа од 4:3, со што серијата е израмнета на 2:2.

Тоа е и единствената серија што се уште се игра, а победникот во петтиот меч ќе се пласира во првата рунда од плејофот.

Торонто со подвигот ноќеска стана единствената НХЛ екипа која загубила меч во доигрување со 3 гола предност, а веднаш во следниот натпревар успеале да го сторат истото и да победат со анулирање на три гола негатива.

Сега ќе бидат и во мала предност, бидејќи одлично си ја познаваат Скоцијабенк арена, која е нивни дом, а сега во услови на пандемија и дом за поголем дел од екипите што допатуваа во Торонто и во Едмонтон за да ја доиграат сезоната.

- Оглас -

Најнови вести