Јелена Јанковиќ ја продава вилата за 13 милиони евра (Видео+Фото)

Јелена Јанковиќ никогаш официјално не објави крај на кариерата, но веќе ја нема на ВТА-листата бидејќи Србинката две години не одиграла ниту еден меч. Повеќе од јасно е дека Јанковиќ веќе нема професионално да игра тенис. Во кариерата, 33-годишната спортистка заработи дури 19 милиони долари, плус неколку милиони повеќе од спонзорските договори.

Благодарение на тие пари, Јелена живее конфорен живот во Сан Диего. Србинката неодамна реши да ја продаде вилата која чини 13 милиони евра. Во куќата има неколку тераси, базен со убав поглед, осум спални соби, 11 купатила, голема гаража и секако тениски терен.

 

- Оглас -

Најнови вести