Јокиќ е феноменален и затоа Денвер гази (Видео)

Денвер нагетс без многу проблеми со 119:101 славеше против Оклахома во еден од двата НБА-натпревари кои се одиграа ноќеска. Никола Јокиќ имаше уште еден одличен меч, па Денвер немаше никакви проблеми да стигне до триумфот. По израмнетата прва четвртина, домаќините на полувреме стигнаа до 13 поени предност, а во третата четвртина разликата скокна и до 29 поени.

Јокиќ мечот го заврши со 27 поени, 12 скока и шест асистенции, додека кај гостите одличен беше Дорт со 20 поени.

https://youtu.be/V4pGTb0P3ZU

Јута џез со 118:102 се радуваше на триумф во дуелот со Њу Орлеанс. Уште во првото полувреме Џезерите најавија дека одат на победа, а сè беше решено во третата четвртина, која заврши со 36:20 во корист на домаќините.

Донован Мичел со 28 поени беше најефикасен кај победничиот тим, додека Зион Вилијамс беше најефикасен кај гостите и воопшто на теренот со 32 поени.

https://youtu.be/cbhnI4OCXmA

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести