Јокиќ е незадржлив: Даде тројка за победа во последната секунда, а пак заврши со трипл-дабл (Видео)

Никола Јокиќ имаше нов трипл-дабл во НБА, но тоа што е многу поважно е дека даде тројка за победа, и тоа буквално во последната секунда од мечот против Орландо. Денвер победи со 119:116, а во последниот напад на домаќините топката дојде до Јокиќ, кој преку човек успеа да погоди тројка само на две десетинки до крајот. На крајот Србинот заврши со 17 поени, 14 асистенции и 10 скока.

Во текот на целиот меч Јокиќ имаше само 11 шутеви кон кошот, најмалку од сите петмина стартери на Денвер. Во последната четвртина воопшто не упати ниту еден шут сè до последниот напад, во кој покажа што значи да си лидер на тимот.

Денвер со оваа победа се зацврсти на врвот на табелата во Западната конференција со 30 победи и само 13 порази. Тимот на Денвер има шест победи по ред.

Блескав меч имаше уште еден центар од Балканот. Црногорецот Никола Вучевиќ блескаше во дресот на Чикаго во победата над Голден стејт од 132:118. Вучевиќ на крајот заврши со 43 поени и 13 скока.

Резултати: Детроит – Њујорк 104:117, Лос Анџелес клиперс – Хјустон 121:100, Чикаго – Голден стејт 132:118, Бруклин – Оклахома 102:112, Сан Антонио – Сакраменто 119:132, Денвер – Орландо 119:116, Портланд – Далас 140:123, ЛА лејкерс – Фиалделфија 112:113.

- Оглас -

Најнови вести