Јокиќ е неверојатен, израмни уште еден рекорд на Вилт Чемберлен

Никола Јокиќ одигра уште еден маестрален меч во НБА лигата што на крајот беше заокружен со победа на неговиот Денвер против Оклахома од 113:107. Србинот мечот го заврши со 35 поени, 12 скока и осум асистенции, што значи дека му фалеа две додавања за да има нов трипл-дабл.

И покрај тоа што немаше трипл-дабл, Јокиќ стигна до постигнување кое досега низ историјата го имал само легендарниот Вилт Чемберлен. Центарот на Денвер погоди 13 од 15 шута од игра, плус девет од 10 слободни фрлања, а сега има три меча по ред на кој има биланс од барем 35 поени, 10 скока и пет асистенции, со шут од поле од преку 85 отсто прецизност. Такви бројки зад своето име имал само Чемберлен претходно.

Мајами загуби на свој терен од Бруклин со 95:110. Ова беше четврти пораз пораз по ред на Жешките кои сега веќе не се лидери на Истокот. На местото на Мајами сега е Филаделфија.

Резултати: Њу Орлеанс – Сан Антонио 103:107, Орландо – Сакраменто 110:114, Торонто – Индијана 131:91, Кливленд – Чикаго 94:98, Мајами – Бруклин 95:110, Мемфис – Милвоки 127:102, Денвер – Оклахома 113:107, Портланд – Хјустон 98:115.

- Оглас -

Најнови вести