Јокиќ ги шокира Србите: Нема да играм за репрезентацијата

Кошаркарската репрезентација на Србија ќе мора да игра без најдобриот кошаркар во светот, Никола Јокиќ, во квалификациите за пласман на Олимписките игри во Токио. Јокиќ, кој беше избран за најкорисен играч во НБА-лигата, донел одлука да не игра за националниот состав.

„На моја голема жал, морам да соопштам дека во овој момент и покрај огромната желба, не сум во можност да играм за репрезентацијата на Србија. Тоа е став и препорака од клубот и едноставно факт кој морам да го прифатам. Убеден сум дека момците и без мене имаат квалитет да постигнат резултат кој ќе ни донесе многу радост“, изјави Јокиќ.

Освен Јокиќ, сигурно за Србија нема да игра ниту Богдан Богдановиќ, кој со својата Атланта уште е дел од плејофот на НБА. Се чека одлука дали репрезентативниот повик ќе го прифатат Бобан Марјановиќ, Немања Бјелица и Алексеј Покушевски.

Јокиќ заедно со Лука Дончиќ и Јанис Адетокумбо се Балканците кои се дел од најдобрата петорка во НБА. Покрај овие тројца балкански кошаркари, во најдобрата петорка имаше место и за Стеф Кари и Кавај Ленард.

 

- Оглас -

Најнови вести