Јокиќ ја доби мајсторката за Денвер и „лапна“ пола милион, шампионот пред колапс (видео)

Од негатива од 1-3 во серијата против Јута џез, Денвер успеа да ги победи трите преостанати меча и да ја сврти серијата во своја корист. Нагетс ја добија мајсторката против Џезерите со минимални 80:78 и со помош на одличниот Никола Јокиќ се пласираа во полуфиналето од плејофот во Западната конференција.

Јокиќ имаше посебен мотив да блесне во овој меч, речиси половина милион долари му се гарантирани како бонус за пласманот во втората рунда од разигрувањата. Србинот беше најефикасен со дабл-дабл од 30 поени и 14 скока во неизвесната пресметка која се решаваше до последната секунда.

Како и во останатите дуели, така и овој беше крајно неизвесен иако Денвер во еден момент имаше +19 поени предност. Јута ја анулираше негативата во последниот период и се играше кош за кош, а по низата промашувања во последните мигови Денвер ја задржа минималната предност.

Бостон веќе има 2-0 во полуфиналната серија на Истокот против шампионот Торонто репторс. Келтите триумфираа со 102:99 и за разлика од претходниот дуел, Репторси пружија повеќе отпор кој на крајот не се исплати.

Целата прва петорка на Торонто реализира двоцифрен број поени со Ануби како најфикасен со 20 поени, меѓутоа Тејтум блесна за франшизата од Масачусетс со 34 поени, 8 скока и 6 асистенции и им парираше на Рептилите.

https://www.youtube.com/watch?v=r4QMsHfv7LA

- Оглас -

Најнови вести