Јокиќ ќе доминира против Јута, Ленард нема да се троши против Индијана

8374 Никола Јокиќ (Денвер нагетс – Јута џез, 02ч)

Во репризата од минатосезонската полуфинална серија на Западот, Јокиќ треба да одигра на високо ниво против Руди Гобер под обрачите. Јокиќ доминираше во таа серија, а и оваа сезона е еден од највлијателните кошаркари на терените.

Сепак, Џезерите се во серија од четири победи и планираа да изненадат во Колорадо ноќеска, но само доколку српскиот центар го дозволи тоа.

Предлог тип: Јокиќ >23,5 поени (1.90)

 

8396 Донован Мичел (Денвер нагетс – Јута џез, 02ч)

Мичел обожува да игра против Денвер, го покажа тоа со неверојатните 50 поени во еден меч од ланската серија во плејофот. Ѕвездата на Јута е најопасен кога пред него има адекватен ривал, во овој случај ќе биде Џамал Мареј. Досега само еднаш Мичел завршил меч со помалку од 20 поени, а во победничката низа на Јута тој е најефикасниот играч и затоа ноќеска ќе ја надмине својата граница.

Предлог тип: Мичел >24,5 (1.87)

 

8372 Дени Грин (Oклахома сити тандер – Филаделфија севентисиксерс, 01ч)

Грин знае да брилјира во еден меч, а веќе во следниот да запише очајна статистика, што го прави доста несигурен на стартот од кариерата во Филаделфија.

Сиксерси секако не зависат од неговиот учинок, бидејќи екипата има лидери во Симонс и Ембид, но курпулентниот центар ќе го пропушти овој дуел. Учинокот на Грин многу ќе зависи од тоа дали навреме ќе ја намести неговата шутерска рака, но ние се надеваме дека ќе потфрли во обидот да запише двоцифрен број на поени.

Предлог тип: Грин <9,5 поени (1.90)

 

8407 Брендон Инграм (Сакраменто кингс – Њу Орлеанс пеликанс, 03ч)

Инграм иако е млад, веќе се наметнува како лидер на Пеликаните заено со Зајон Вилијамсон. Одличното крило на Њу Орлеанс оваа сезона игра на високо ниво и одржува добар просек од 23,5 поени по натпревар, граница која во повеќе наврати лесно ја надминува.

Веќе три меча Инграм нема постигнато повеќе од 22 поени, а сето тоа ќе се смени ноќеска бидејќи Пеликанс мора да излезат од кризата која стигна до пет порази во низа.

Предлог тип: Инграм >23,5 поени (1.90)

 

8410 Кавај Ленард (ЛА клиперс – Индијана пејсерс, 04ч)

Индијана е десеткувана, а нивната нова ѕвезда Карил Левер има здравствени проблеми и ќе почека за дебито во дресот на Пејсерс. Поради тоа се очекува лесен триумф на Клиперси, меѓутоа Ленард нема многу да се троши со оглед на тоа дека екипата на Тајрон Лу располага со повеќе опасни играчи кои може да решаваат мечеви.

Предлог тип: Ленард <27,5 поени (1.90)

- Оглас -

Најнови вести