Јокиќ ќе го добие најскапиот договор во историјата на НБА

Никола Јокиќ и официјално беше прогласен за најдобар кошаркар во НБА-лигата откако ја доби МВП наградата која традиционално се доделува секоја година. Србинот го предводеше Денвер до плејофот, каде што во првото коло го елиминира Портланд, а сега ривал им е Феникс санс.

Според најавите од САД, Јокиќ наскоро ќе потпише нов договор со Денвер, кој ќе биде најголем во историјата на НБА-лигата. Во 2018 година Јокиќ потпиша петгодишен договор вреден 147 милиони долари, но се очекува наскоро Денвер да му понуди и нова петогдишна соработка.

Тоа би било договор од 2023 до 2028 година, според кој Јокиќ вкупно ќе заработи 241 милион долари. Во првата сезона, Јокиќ ќе добие 42,6 милиони долари, а во последната би добил 54,8 милиони долари. Во 2028 година, Јокиќ ќе има 33 години и веќе ќе биде ветеран во НБА.

Моментно најскапиот договор во НБА е во сопственост на Јанис Адетокумбо, кој за петгодишна верност во Милвоки заработи 228 милиони долари

- Оглас -

Најнови вести