Јокиќ на мегдан со Дурант, Бостон е голем фаворит да слави против Филаделфија (Фото)

Вечерва во НБА-лигата ќе се одиграат осум натпревари, за кои Sport Life подготви одлична понуда за обложување. За секој меч има по 161 комбинација за играње.

Во дербито на вечерта, шампионот Денвер нагетс игра против Феникс санс и е фаворит за победа. Квотата за триумф на Денвер изнесува 1.74, а фановите во „Футпринт центар“ ќе имаат можност да гледаат дуел меѓу Кевин Дурант и Никола Јокиќ.

Јокиќ е главен фаворит за признанието за МВП на регуларниот дел од сезоната и просечно постигнува 29 поени, 13,2 скока и 9,2 асистенции по натпревар, и вечерва повторно ќе мора да преземе огромен дел од одговорноста бидејќи неизвесен е настапот на Џамал Мареј и Арон Гордон. Денвер кој минатата сезона на патот кон шампионската титула го елиминира Феникс во плејофот, го доби првиот дуел сезонава со 115:107.

Дербито во Источната конференција ќе се игра во „Ти Ди гарден“ во Бостон каде селтикси ја пречекуваат Филаделфија сиксерс. Бостон е фаворит за овој дуел, не само поради тоа ја елиминира Филаделфија во плејофот минатата сезона, туку и поради неиграњето на актуелниот МВП, Џоел Ембид. Бостон е најдобар тим во Источната конференција со скор 14-4 и има две победи по ред, додека Филаделфија има 12-6 и загуби во претходниот меч.

Во понудата за играчи и тоа каков поентерски ефект ќе остварат има 30 имиња. За да биде во „плус“, Никола Јокиќ треба да постигне барем 31 поен, а границите за бројот на поени кај дел од атрактивните играчи се поставени: Дурант (31,5), Зајон Вилијамсон (24,5), Тејтум (27,5), Сиакам (21,5), Ирвинг (26,5), Дончиќ (32,5)…

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести