Јокиќ наскоро нема да биде најплатен кошаркар во Денвер

Актуелниот НБА-шампион Денвер нагетс подготвува нов договор за бекот Џамал Марај кој заедно со Никола Јокиќ се најзаслужи за освојување на титулата, и со кој ќе стане најплатен кошаркар во Денвер.

Медиумите пишуваат дека Денвер ќе му понуди околу 300 милиои долари за нов петгодишен договор, а доколку биде потпишан идната година, тогаш максималната сума може да изнесува 330 милиони долари.

„Претпоставуваме дека ќе му понудиме супермаксимален договор, бидејќи веројатно ќе биде избран во една од трите најдобри петорки во лигата. Сопствениците на Денвер, Џош и Стен Кренке, се негови големи фанови и доколку го исполни условот и биде дел од најдобрите петорки, тогаш ќе го направиме тоа што се бара од нас“, изјави генералниот менаџер на Денвер, Калвин Бут.

Моментно најплатен кошаркар во Денвер е Никола Јокиќ кој минатото лето потпиша нов петгодишен договор вреден 276 милиони долари.

 

- Оглас -

Најнови вести