Јокиќ немаше милост кон Лејкерс, тимот полн со ѕвезди е пред историски дебакл (Видео)

Кошаркарите на Денвер нагетс победија на гости кај Лос Анџелес лејкерс со 129:118, па екипата од „Стејплс центар“ сега е пред историски дебакл, да не биде ниту во најдобрите 10 во Западната конференција. Лејкерси сезонава во тимот имаа ѕвезди од калибарот на Леброн Џејмс, Ентони Дејвис, Расел Вестбрук и Кармело Ентони но има само 31 победа во 78 меча и на четири натпревари до крајот на регуларниот дел заостанува две победи зад Сан Антонио кој е на десетото место на Западот.

Во отсусто на Џејмс, Дејвис и Вестбрук беа расположени со по 28 и 27 поени, но и тоа не беше доволно да се сопре одличниот Никола Јокиќ кој го предводеше Денвер до триумф со 38 поени, 18 скокови, шест асистенции, три украдени топки и две блокади.

Резултати: ЛА Клиперс – Њу Орлеанс 119:100, Милвоки – Далас 112:118, Бостон – Вашингтон 144:102, ЛА лејкерс – Денвер 118:129, Индијана – Детроит 117:121, Кливленд – Филаделфија 108:112, Орландо – Њујорк 88:118, Торонто – Мајами 109:114, Хјустон – Минесота 132:139, Оклахома – Феникс 117:96, Сан Антонио – Портланд 113:92, Сакраменто – Голден Стејт 90:109.

- Оглас -

Најнови вести