Центарот на Денвер нагетс повторно го воодушеви светот со својата игра во дресот на Денвер нагетс и во победата на неговиот тим од 122:118 над Минесота, испиша историја.
The assist that made him number 1 pic.twitter.com/uDNcBeKUdA
— Denver Nuggets (@nuggets) January 19, 2023
https://twitter.com/i/status/1615957604005470210
Јокиќ средбата ја заврши со нов, 14-ти сезонава трипл-дабл од 31 поен, 11 скока и 13 асистенции, и притоа стана најдобар асистент во историјата на Денвер. Тој сега има 3.680 асистенции во дресот на Денвер и ја надмина клупската легенда Алекс Инглиш. Јокиќ стана првиот центар во историјата на НБА лигата кој го предводи својот тим на вечната листа на најдобри асистенти.
https://twitter.com/i/status/1615939523380133890
https://twitter.com/i/status/1615934214645645312
Одлична партија одигра и Џамал Мареј со 28 постигнати поени, кој во финишот постигна пет поени и му ја обезбеди победата на својот тим.
И Мемфис гризлис ја продолжи победничката серија, до 11-тиот триумф по ред дојдоа со победата над Кливленд од 115:114. Кличните поени за триумф на Мемфис ги постигна Адамс на 16 секунди пред крајот на мечот. Бејн со 25 и Морант со 24 ја предводеа листата на стрелци кај Мемфис, додека Гарланд беше најефикасен во редовите на Кливленд со 24 постигнати поени.
Атланта хоукс благодарение на одличната игра во одбрана над Лука Дончиќ со 130:122 го победи Далас маверикс. Дончиќ постигна 30 поени, но шутираше под 50 отсто, погоди само 9 од 19 упатени шута кон кошот на Јастребите.
Во последната четвртина, Атланта направи серија од 7:0 со која поведе 117:110 и предноста не ја испушти до крајот на мечот. Дежонте Мареј постигна 30 поени, Колинс даде 19, а Тре Јанг оствари дабл-дабл од 18 поени и 12 асистенции за Атланта.
Резултати: Далас – Атланта 122:130, Њујорк – Вашингтон 105:116, Хјустон – Шарлот 117:122, Мемфис – Кливленд 115:114, Њу Орлеанс – Мајами 98:124, Оклахома сити – Индијана 126:106, Јута – ЛА Клиперс 126:103, Денвер – Минесота 122:118, ЛА Лејкерс – Сакраменто 111:116.