Јокиќ со мајсторска партија и нов трипл-дабл ја помина НБА легендата на вечната табела (ФОТО+ВИДЕО)

Никола Јокиќ одигра уште една одлична партија во дресот на Денвер нагетс во поразот на неговиот тим од 109:97 на гостувањето кај Чикаго булс.

Српскиот кошаркар забележа нов трипл дабл во својата кариера, а по финишот на средбата, неговата статистика изгледаше 17 коша, 12 асистенции и 15 скокови, но, како што пишавме, тоа беше недоволно за победа.

Тој стигна до 60-тиот трипл-дабл во својата кариера во регуларната НБА-сезона, со што го помина легендарниот Лери Бирд и се искачи на осмото место на оваа вечна листа, каде што предводник е Расел Вестбрук.

„Булси“ беа предводени од одличните Зак Лавињ, кој даде 32, и Лонзо Бол и Никола Вучевиќ, кои остварија по 21 поени и 10 скокови.

Дефинитивно најнеизвесен беше натпреварот меѓу Шарлот хорнетс и Филаделфија 76-ерс, каде што на крајот на победата од 124:127 се радуваа гостите, и тоа по едно продолжение.

Џоел Ембид беше фантастичен кај „севенти-сиксерси“ со со 43 коша и 15 скокови, додека, пак, кај домаќините блесна Кели Оубре Џиниор со 35 уфрлени поени.

НБА

Шарлот хорнетс – Филаделфија 79-ерс 124:127

Детроит пистонс – Оклахома сити тандер 103:114

Индијана пејсерс – Вашингтон визардс 116:110

Мајами хит – Мемфис гризлис 90:105

Чикаго булс – Денвер нагетс 109:97

Милвоки бакс – Кливленд кавалирс 112:104

Минесота тимбервулфс – Атланта хокс 110:121

Феникс санс – Сан Антонио спарс 1008:104

Голден Стејт ворирорс – Орландо меџик 126:95

Портланд трејлблејзерс – ЛА клиперс 90:102

- Оглас -

Најнови вести