Јокиќ со уникатен одговор за тоа како ја издржал пеколната атмосфера во Мајами: Брате, јас сум играл во Србија

Никола Јокиќ гостуваше во Мајами, каде што го чекаше пеколна атмосфера. Неодамна Јокиќ имаше инцидент со Маркиф Морис од Жешките, па сите со нетрпение чекаа како Србинот ќе се снајде на дуелот во Мајами.

Иако против себе имаше речиси 20.000 навивачи на Мајами, Јокиќ одигра одличен меч и заврши со 24 поени и 15 скока, а Денвер победи со 120:111. По завршувањето на мечот, американските новинари најмногу ги интересираше како Јокиќ успеал да одигра толку добро, а постојано бил под притисок од навивачите на домашниот тим.

„Брате, па јас сум играл во Србија. Би сакал да дојдеш таму и да видиш каква е таму атмосферата“, рече Јокиќ на прашањето на еден новинар околу тоа како ја поднел атмосферата во Мајами.

- Оглас -

Најнови вести