Јончевски ги одбра кошаркарите кои ќе патуваат за Естонија

Македонската машка кошаркарска репрезентација денеска ќе замине за Талин, каде што во петок ќе го одигра претпоследниот квалификациски натпревар за пласман на Европското првенство 2025.

Селекторот Александар Јончевски ги одбра кошаркарите за овој дуел. Во Скопје ќе остане Теодор Симиќ поради вирус, како и Андреј Шошкиќ.

Утрово тренингот го пропушти и Ненад Димитријевиќ, кој не се чувствувал добро, но ќе патува со тимот.

На списокот на селекторот Александар Јончевски се најдоа следните кошаркари:

Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Магдевски – МЗТ Скопје Аеродром
Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Маслинко – МЗТ Скопје Аеродром
Марин Петков – МЗТ Скопје Аеродром
Стојан Ѓуроски – Работнички
Дамјан Робев – Работнички
Виктор Ефремовски – Работнички
Страхил Николов – ТФТ Скопје
Ненад Димитријевиќ – Олимпиа Милано
Лејсон Зеќири – Башкими
Ти Џеј Шортс – Парис Баскетбол

- Оглас -

Најнови вести