Двократниот светски шампион, Ентони Џошуа, со брутален нокаут во втората рунда дојде до победата над Франсис Нгану на боксерскиот спектакл во Саудиска Арабија. Џошуа дури трипати успеваше да го собори Нгану во само пет минути, па многу полесно од очекуваното го победи поранешниот УФЦ шампион.
За Нгану ова беше втора борба во професионална конкуренција, откако на првиот меч загуби од Тајсон Фјури, но дури со судиска одлука, по што беше незадоволен и сметаше дека токму тој требало да победи. Сепак, синоќа беше далеку од таков исход и немаше никакви шанси против Џошуа.
Ентони Џошуа сега има четири победи по ред, а неговата цел е да ја врати светска титула која ја изгуби од Ушик.