Јосиф Петковиќ: Пелистер повторно да биде респектабилен клуб

Пелистер најде замена за Томе Петрески, нов предводник на екипата ќе биде спрскиот стратег Јосип Петковиќ. Искусниот српски стратег вчера ги договори условите со клубот, денеска беше официјално промовиран за нов шеф на стручниот штаб. Петковиќ е добро познато лице на македонскиот ракомет, откако во минатото ги водеше екипите на Македонија ЃП, Металург, Вардар и Младост Богданци.

„Дојдов во Пелистер да помогнам со сето мое знаење. Сакам овој клуб да биде сериозен конкурент, како на појаки, така и на послаби екипи, да се игра квалитетен ракомет. Сметам дека за брзо време можеме да смениме многу работи тука, со помош на натпреварите кои ни претстојат, бидејќи досегашните резултати не ги задоволуваат критериумите. Со задоволство прифатив да бидам тренер на Пелистер. Некои работи мора веднаш да се променат, Пелистер да биде респектабилен клуб“, истакна Петковиќ при претставувањето на медиумите како нов предводник на екипата.

На клупата ќе дебитира во сабота, кога во Битола ќе гостува тимот на Радовиш, во рамките од петтото коло во ракометната Суперлига.

 

- Оглас -

Најнови вести