На Јотовски му треба победа, но ќе мора да направи изненадување затоа што не е фаворит

Томислав Јотовски попладнево ќе се бори да остане во игра на егзибицискиот турнир во Белград. Нашиот тенисер во третото коло ќе игра против домашниот играч Марко Тепавац. На турнирот кој се игра во групна фаза, по две одиграни кола, Томи има победа и пораз, додека Тепавац е со максимални две победи.

Според актуелната ситуација на АТП-листата, српскиот тенисер е дури 804 позиции подобро рангиран од Јотовски и реално ја има фаворитската улога. Сепак, Јотовски покажа дека има квалитет и сигурно дека нема без борба да се предаде против фаворизираниот ривал.

Во вториот меч од оваа група,  Никола Чачиќ е апсолутен фаворит против Дарко Јандриќ. На турнирот во Белград се играат уште 10-тина мечеви, на кои може да се обложите во Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести