Јотовски ќе игра во финале на турнир во Каиро

Томислав Јотовски и Антони Генов ќе играат во финалето во двојки, на ИТФ М15 турнирот во Каиро, Египет. Јотовски и Генов во полуфиналето со 2:0 во сетови беа подобри од Денисов и Новиков.

Во првиот сет, Јотовски и Генов беа убедливи и го добија со 6:2, а потоа во вториот сет дури во тај-брејкот беа подобри со 12:10 во сетот добиен со 7:6.

Во утрешното финале, Јотовски и Генов ќе играат против Реј Хо од Тајван и Григореј Ломакин од Казахстан.

- Оглас -

Најнови вести