Јотовски на мегдан со 141-виот на АТП-листата

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски и денеска ќе игра на егзибицискиот турнир „Првенство на Источна Европа“ во организација на Јанко Типсаревиќ во Белград, а противник попладнево ќе му биде Словенецот Блаж Рола, кој е на 141-вото место на светската ранг листа. Затоа и Словенецот, кој е врсник со Јотовски, е голема фаворит на хартија според квотите во Sport Life.

Но, Рола на турнирот во Белград покажа слабости, во првата групна фаза загуби од Србинот Хамад Меѓедовиќ, кој е 1.319-ти на АТП-листата и има доста послаб рејтинг од Јотовски. Рола е словенечки репрезентативец, во 2013 година освои злато на Медитеранските игри, во 2014 играше на три гренслема, па на нашиот тенисер нема да му биде лесно да му се спротивстави.

Јотовски во првата фаза имаше една победа и два порази, но настапот на овој силен турнир е корисен за него, за враќање во натпреварувачки ритам по паузата во која не можеше ниту да тренира нормално.

- Оглас -

Најнови вести