Јотовски најави пресврт, но немаше сили за да го комплетира

Томислав Јотовски со пораз од 1:2 против Никола Чачиќ стартуваше на Источноевропскиот шампионат во тенис.

Македонскиот тенисер лошо го почна мечот на егзибицискиот турнир во Србија и набрзина имаше негатива од 0:1 во сетови.

Во првиот сет Чачиќ доминираше и лесно поведе, откако успеа да освои шест гема, а загуби еден. Во вториот сет Јотовски прикажа многу подобра игра и со брејк во финишот успеа да го добие со 6:4 за израмнување.

Израмнето беше и во првите четири игри во решавачкиот сет, а потоа нашиот тенисер падна во темпото и загуби четири гема по ред за прв пораз на турнирот.

Јотовски е во група со Марко Тепавац (најдобар во групата според рејтингот), Никола Чачиќ  и Дарко Јандриќ, сите од Србија.

 

- Оглас -

Најнови вести