Јотовски победник на Бовин Неготино опен

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски е победник на Бовин Неготино опен што се играше изминативе денови на терените на ТК Неготино. Тој во финалето го совлада Стефан Мицов со 2-0 во сетови (6:3) и 7:6 (1) во гемови.

„Одиграв добар меч. Го дадов својот максимум денес за да победам. Честитки до организаторот на турнирот, се надевам ќе се видиме и наредната година“, изјави Јотовски веднаш по мечот.

Ова е турнир кој постои повеќе од 20 години.

„Бовин Неготино опен е турнир со долга традиција. Првиот турнир го организиравме во далечната 1994 и оттогаш наваму успеавме да изградиме една долга традиција и еве оваа година да ги собериме дел од најдобрите македонски играчи. На турнирот настапија 49 играчи од цела Македонија“, рече Ванчо Лазов, претседателот на ТК Неготино.

- Оглас -

Најнови вести