Јотовски во Приједор влезе на главниот турнир во сингл, тројца наши тенисери ќе играат во дубл

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски ги мина трите квалификациски кола и се проби во првото коло на главниот турнир во босанскиот град Приједор, каде што се игра турнир со награден фонд од 15.000 долари. Јотовски во последното квалификациско коло го совлада Словенецот Лука Миклавчич со 6-4, 3-6, 10-6. Противник во првото коло на главниот турнир ќе му биде младиот Александар Томас од Австрија.

Јотовски денеска, подоцна попладнево ќе игра и во двојки, а во првото коло во дубл ќе се појават и Стефан Мицов и Горазд Србљак.

- Оглас -

Најнови вести