Јоветиќ испиша историја, има гол во сите топ 5 лиги во Европа

Црногорскиот офанзивен фудбалер за врска, Стеван Јоветиќ, влезе во историјата како втор фудбалер кој успеал да постигне гол во секоја од Топ 5 лигите во Европа. Пред него, тоа го има направено само Романецот Флорин Радучоју кој се пензионираше во 2004 година, а Данецот Кристијан Поулсен го комплетира триото играчи кои настапиле во сите топ 5 лиги, но тој не давал голови во сите врвни лиги.

Јоветиќ е играч на берлинска Херта која денеска претрпе пораз од Келн во Бундеслигата. Јоветиќ даде гол за 1-0, а потоа неговиот тим прими три гола. Црногорецот има давано голови и во Англија (за Манчестер сити), Шпанија (Севилја), Италија (Интер и Фиорентина) и Франција (Монако).

- Оглас -

Најнови вести