Јовиќ фатен како се шета со најубавата српска манекенка (Фото)

Трансферот на Лука Јовиќ во Реал Мадрид му донесе многу големо финансиско богатство, а со тоа младиот фудбалер стана цел на многу девојки. Најуспешна од нив беше Софија Милошевиќ, најпознатата српска манекенка која до пред некое време беше во врска со еден друг српски фудбалер, Адем Љајиќ.

Откако Јовиќ потпиша за Реал, Софија почнала да излегува на исти места каде што оди и Лука, а потоа замолила некои заеднички пријатели да ја запознаат со него. Дури и отишла во Црна Гора, во истиот хотел каде што бил сместен фудбалерот. Најпрвин се допишувале, а потоа почнала и романсата. Јовиќ изнајмил стан во Белград, каде што тајно се среќавал со манекенката, додека во Мадрид оделе со приватен авион.

Од август, Лука и шест години постарата Софија се во врска, а сега веќе има и доказ дека се заедно. Тие се фотографирани како се шетаат низ Мадрид, фатени за рака.

Инаку, тој има син со една убава девојка од Белград, Анѓела Маниташевиќ, но не е официјално оженет со неа.

Се шпекулира дека Јовиќ не сакал да игра за Србија на последните квалификациски мечеви за да не се сретне со Љајиќ, кој е поранешно момче на Софија Милошевиќ. Можеби на Јовиќ во фудбалот не му оди, но барем љубовта му цвета, иако и таму ќе има главоболки откако влезе во триаголник.

- Оглас -

Најнови вести