Јовиќ потпиша за Реал Мадрид и го урна клупскиот сајт на кралскиот клуб

Реал Мадрид го потврди доаѓањето на Лука Јовиќ, а веднаш по објавувањето на информацијата, клупскиот сајт на кралскиот клуб за кус период се урна од посети.

За трансферот на Јовиќ, Реал плати 60 милиони евра и уште пет милиони евра како бонуси, од кои 47 милиони евра ќе одат на контото на Ајнтрахт Франкфурт, а 18 милиони евра се за Бенфика.

„Добредојде Јовиќ“ објави Реал Мадрид, а трансферот го потврди и Ајнтрахт.

„За нас заминувањето на Јовиќ е голема загуба. Неговата експлозивност и голови ни даваа крилја да бележиме успеси во последните две години. Сепак мора да мислиме и на финансискиот дел“, изјави спортскиот директор на Ајнтрахт.

Јовиќ пристигна во Франкфурт во 2017 година, како пзоајмен играч од Бенфика, а потоа Ајнтрахт ја искористи клаузулата во договорот и го откупи неговиот договор за 7 милиони евра, со право на Бенфика да заработи и од следниот трансфер на српскиот напаѓач.

Сега се очекува Реал Мадрид официјално да го престави големиот талент, а потоа и да потпише договори со Еден Азар и со Ферланд Менди од Лион.

- Оглас -

Најнови вести