Јовиќ: Против најдобриот тим во Европа париравме во текот на сите 60 минути

Тренерот на Еурофарм Пелистер, Александар Јовиќ, беше задоволен иако неговиот тим загуби од германскиот гигант Кил, во меч од третото коло од ракометната Лига на шампиони. Јовиќ потенцираше дека битолчани парирале против една ракометна велесила, а посебна благодарност упати до навивачите кои направија фантастична атмосфера во салата „Боро Чурлески“.

„Ѝ благодарам на нашата верна публика која направи фантастична атмосфера и ѝ го честитам роденденот на нашата група „Чкембари“, која е најдобра навивачка група во цела Европа, па и во светот. Се покажавме во добро светло против, по мене најдобриот ракометен клуб во Европа. Париравме во текот на сите 60 минути, ни се покажа можност да стигнеме до реми, можеби и до победа. Сепак, поради неискуството на нашите играчи, промашивме неколку зицери, направивме некои технички грешки и тоа искусните играчи и големите ѕвезди на Кил знаат да го казнат. Од овој меч ние како тим ќе добиеме уште поголема самодоверба“, рече Јовиќ веднаш по мечот со германскиот првак.

- Оглас -

Најнови вести