Јовиќ: Вардар во тимот има играчи-победници, ние по прекинот како да станавме друга екипа

Тренерот на Пелистер, Александар Јовиќ, беше непријатно изненаден и разочаран од големиот пораз во „Јане Сандански“ во дербито против Вардар. Јовиќ потенцира дека Вардар во своите редови има играчи кои се докажале како победници и тоа бил адутот на противникот. Пелистер добро започна и имаше егал резултат, а потоа се случи прекинот што го направија навивачите на двата клуба. По тој прекин, започна доминацијата на Вардар.

„Искрено, не очекувавме да одиграат нашите играчи на ваков начин. Почнавме добро, но по прекинот, што е недозволив на вакви натпревари, излеговме на терен како друга екипа. Дали заради тоа што имаме многу играчи што немаат почувствувано вакво нешто или нешто друго, ние бевме сосема други по прекинот. Вардар нѐ ловеше на секоја грешка и заслужено победи со голема разлика. Вардар има голема предност, без разлика што нема широк ростер, ги има играчите-победници како што се Талески, Манасков, Георгиевски, Стоилов, Томовски, Ристовски…, така што мислам дека имаме време да анализираме каде грешевме. Додека не се реши сѐ, не може да кажеме кој е шампион. Вардар е во голема предност, но има уште да се игра“, изјави Јовиќ.

- Оглас -

Најнови вести