ЈСП бесплатно ќе вози до аеродром, МТВ ќе врши пренос од дочекот

Новите европски ракометни прваци во 18:50 часот треба да пристигнат на скопскиот аеродром, а од таму да се упатат директно на плоштадот Македонија во Скопје, каде ќе биде главната прослава за трофејот освоен на фајнлфор турнирот во Келн.

Градот Скопје обезбеди чартер лет од Келн за Скопје, а градоначалникот Петре Шилегов, најави дека веднаш по доаѓањето ќе се организира и прослава на плоштадот Македонија, за што се одвоени два милиони денари. Ракометарите од Град Скопје ќе добијат награда од шест милиони денари.

Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП Скопје најави дека ќе обезбеди два двокатни автобуси кои бесплатно ќе возат до аеродромот, а во нив ќе може да бидат сите оние навивачи кои ќе сакаат да ги поздрават европските прваци. Тргнувањето на автобусите ќе биде во 17 часот пред Југодрво.

Најавено е и дека државната телевизија, МТВ ќе врши директен пренос од доаѓањето на новите македонски спортски херои, кои би требало да се возат во отворен панорамски автобус. Доколку врне, панорамскиот автобус ќе биде заменет со обичен автобус во кои ќе бидат златните ракометари.

 

- Оглас -

Најнови вести