Јубилеј за Филаделфија, Торонто без милост против Анахејм

Филаделфија флаерс славеше минимално со 2-1 против Ванкувер канукс, но тоа беше доволно да се испише историја за оваа франшиза. Флаерси се втората НХЛ-екипа која стигна до јубилејната две илјадита победа, а воедно ја продолжија својата победничка низа на осум меча.

Домаќините имаа два гола предност во воведните минути од вториот период, Бесер набрзо потоа намали на 2-1, додека во неефикасната последна третина Филаделфија успеа да ја сочува мрежата.

 

Торонто мејплс лифс убедливо го совлада тимот на Анахејм дакс со 6-1, остварувајќи двојна победа над „патките“ сезонава. Откако во првиот период двете екипи се загреваа, Торонто тргна фуриозно во вторите 20 минути и поведе со 3-0.

Ракел го постигна почесниот гол за Анахејм во воведните три минути од решавачкиот период, а потоа домаќините одговорија со уште три погодоци за решавање на сите дилеми на оваа средба.

Резултати НХЛ:

Филаделфија флаерс – Ванкувер канукс 2-1

Торонто мејплс лифс – Анахејм дакс 6-1

Њујорк ренџерс – ЛА кингс 3-4 (по продолжение)

Далас старс – Аризона којотс 5-4

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести