Јубилејниот поен мора да биде посебен (видео)

Актуелниот првак Сент Луис блуз славеше на гостувањето кај Торонто мејпл лифс со конечни 3-2 благодарение на Алекс Пјетранџело и неговиот јубилеен поен во НХЛ-лигата. Канаѓанецот го запиша 400-тиот поен (погодоци + асистенции) во кариерата, а не можеше да одбере подобар момент за да го оствари.

Пјетранџело погоди за 3-2 од невозможен агол на 12 минути до крајот на мечот и ги остави сите да се чудат како успеа да го протне пакот низ гужвата пред голот на Торонто.

https://twitter.com/NHL/status/1181380342118326272

Во меѓувреме, Колумбус блу џекетс ја оствари првата победа во сезоната по два порази во низа совладувајќи го тимот на Бафало сејберс со 4-3 во дополнителниот период.

- Оглас -

Најнови вести