Јуначка победа на Леганес против Лилјаците, битката за опстанок може да зависи од шампионите

Леганес ја совлада Валенсија со 1-0 и малиот мадридски клуб освои златни три бода во борбата за опстанок. Леганес од 54-та минута беше со играч помалку по исклучувањето на Џонатан Силва, а во 60-та минута голманот Куелјар му одбрани пенал на Парехо. Валенсија од 7 декември наваму нема победа на гости, а Леганес со седум бода во последните три кола можеби го фаќа последниот воз за опстанок во Ла Лига.

Со оваа победа, Леганес уште е во опасната зона, но има само три бода помалку од Алавес, кој има и еден меч помалку. За Леганес останаа уште две средби, од кои едната в недела дома со Реал Мадрид, а Алавес во последното коло во исто време, ја пречекува Барселона.

- Оглас -

Најнови вести