Јунајтед го реши и Кристал палас, Тен Хаг го разбуди Марсијал (видео)

Манчестер јунајтед ја запиша и третата победа во подготвителниот период по сигурните 3-1 над Кристал палас во Мелбурн.

Црвените ѓаволи од меч во меч покажуваат значителни подобрувања во играта во овој краток период откако Ерик тен Хаг седна на тренерската клупа. Ентони Марсијал повторно импресионираше, запиша трет гол во исто толку меча, а денес беше и во асистентска улога за третиот гол на Санчо.

Французинот претходно заби против Ливерпул и Мелбурн сити, сега му беа потребни 17 минути за го совлада Батланд.

Непосредно по стартот на вториот дел, Рашфорд со лесен гол ја круниса одличната полуконтра на Манчестер по неколку кратки додавања во противничкиот шеснаесетник.

Помалку од 10 минути подоцна, Санчо зголеми на 3-0, а почесниот гол за Палас го постигна Вард.

 

- Оглас -

Најнови вести