Јунајтед го врза Матиќ до јуни 2023 година

Манчестер јунајтед ќе го задржи Немања Матиќ до јуни 2023 година откако Србинот се согласил на продолжување на соработката. Неговиот договор истекуваше во 2021 година, па иако одреден период се наоѓаше на излезна врата, Солсјкер има доверба во ексиграчот на Челзи и одлучи да го задржи на „Олд Трафорд“.

Матиќ го замени Лондон за Манчестер во летото 2017 година за сума од 45 милиони евра и досега брои повеќе од 110 настапи за Црвените ѓаволи. Наскоро се очекува и официјална потврда од Јунајтед за потпишувањето на новиот договор.

- Оглас -

Најнови вести